Членство

Член на Здружение на регистратори на домени МКДОМЕНИ Скопје може да биде секое физичко и правно лице, независно од неговата возраст, кој доброволно ќе пристапи и кој ќе ги прифати целите на здружението утврдени со овој статут. Малолетно лице со наполнети 14 години се зачленува во здружението со давање потпишана изјава за согласност на неговиот законски застапник.

Зачленувањето се врши со пополнување и потпишување на пристапница, како и со уплата на еднократен износ од 300,оо евра во денарска противвредност според среден курс на НБРСМ на денот на уплатата.

Членувањето во Здружението е отворено за физички и правни лица кои доброволно ќе пристапат кон Здружението на начин и постапка утврдена со овој Статут (редовно членство). Редовните членови на Здружението се должни да плаќаат редовна членарина на годишно ниво од 200,оо евра во денарска противвредност според среден курс на НБРСМ на денот на уплатата, или друг износ по одлука на Собранието, а најдоцна до 01.02 во тековната година или 10 дена од зачленувањето.

Откако ке ја пополните пристапницата, истата испратете ја на емаил адреса: info@zrd.mk

Scroll to Top