Здружение на регистратори на домени МКДОМЕНИ Скопје е граѓанска организација која дава поддршка и врши застапување на регистраторите, како и поттикнувањето на целокупната јавност за користењето на .мк доменот како основен домен за интернет просторот во Р.С.Македонија.
Цели
Основна цел на Здружение на регистратори на домени МКДОМЕНИ Скопје е промоција и унапредување на .mk доменот и поддршка и застапување на регистраторите и нивните барања и идеи за подобрување пред релевантните државните институции, како и поттикнувањето на користењето на .мк доменот како основен домен за интернет просторот во Р.С.Македонија како и промовирање на придобивките од негово користење за сите правни и физички лица.
Членови
ТИМ КОРПОРЕЈШН
info@uhost.mk
www.uhost.mk
ул. Бел Камен 109 1430 Кавадарци
ГЛОБАЛ НЕТ
info@globalnet.mk
www.globalnet.mk
ул. Борка Талевски бр.26/10/20, 1000 Скопје
УЛТРАНЕТ
info@unet.com.mk
www.domains.mk
бул.Партизански Одреди бр.70-Б, 1000 Скопје
МАРКОМ
info@registrar.mk
www.registrar.mk
ул. Даница Ручигај 11 1000 Скопје
МКХОСТ
+389 2 277 9444
www.mkhost.com
ул. Јане Сандански бр.71А А/А.4.7 , 1000 Скопје
Членство
Член на Здружение на регистратори на домени МКДОМЕНИ Скопје може да биде секое физичко и правно лице, независно од неговата возраст, кој доброволно ќе пристапи и кој ќе ги прифати целите на здружението утврдени со овој статут. Малолетно лице со наполнети 14 години се зачленува во здружението со давање потпишана изјава за согласност на неговиот законски застапник.
Зачленувањето се врши со пополнување и потпишување на пристапница, како и со уплата на еднократен износ од 300,оо евра во денарска противвредност според среден курс на НБРСМ на денот на уплатата.
Членувањето во Здружението е отворено за физички и правни лица кои доброволно ќе пристапат кон Здружението на начин и постапка утврдена со овој Статут (редовно членство). Редовните членови на Здружението се должни да плаќаат редовна членарина на годишно ниво од 200,оо евра во денарска противвредност според среден курс на НБРСМ на денот на уплатата, или друг износ по одлука на Собранието, а најдоцна до 01.02 во тековната година или 10 дена од зачленувањето.
Откако ке ја пополните пристапницата, истата испратете ја на емаил адреса: info@zrd.mk



