За нас
Здружение на регистратори на домени
МКДОМЕНИ Скопје
Здружение на регистратори на домени МКДОМЕНИ Скопје е граѓанска организација која дава поддршка и врши застапување на регистраторите, како и поттикнувањето на целокупната јавност за користењето на .мк доменот како основен домен за интернет просторот во Р.С.Македонија.
Цели
Основна цел на Здружение на регистратори на домени МКДОМЕНИ Скопје е Промоција и унапредување на .mk доменот и поддршка и застапување на регистраторите и нивните барања и идеи за подобрување пред релевантните државните институции, како и поттикнувањето на користењето на .мк доменот како основен домен за интернет просторот во Р.С.Македонија како и промовирање на придобивките од негово користење за сите правни и физички лица.
Долгорочни цели на Здружение на регистратори на домени МКДОМЕНИ Скопје се:
- Обезбедување платформа за размена на знаења, искуства и најдобри практики меѓу регистраторите.
- Регулација и стандардизација – Развој на стандарди и упатства за работење и користење на .mk домените
- Поттикување на транспарентност и етичко raboteњe кај сите членови на здружението
- Обука – организирање на семинари, работилници за подобрување на техниките и размена на искуства
- Организирање на семинари со идеи за подобрување на процедурите и предлози до државните институции и регулаторни тела
- Соработка со национални организации кои управуваат со домените на национално ниво
- Претставување на .mk доменот на глобалната сцена преку учество во релевантни форуми и конференции.
- Технолошки развој
- Поттикнување на употреба на иновативни технологии и алатки за управување со домени.
- Зголемување на бројот на членовите.
- Медиумски настапи за зголемување на видливоста на здружението
- Барање на донации од домашни и странски организации/институции за обезбедување на средства за работа.
Начела
- Независност
- Јавност и транспарентност
- Непрофитност
- Непартиско дејствување
- Иницијативи во јавниот живот
- Партиципација (учество)
- Партнерство
- Толеранција
- Претприемништво
- Одржливост и еднакви можности
